АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ДОАЃААТ ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, ГРМЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР (НАД 70 КМ/ЧАС)

Почнувајќи од денес доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта, најпрвин во западните предели ќе има врнежи од дожд кој локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со засилен јужен и југозападен ветер. Локално ветерот ќе биде СИЛЕН (над 70 км/час).

Во текот на утрешниот ден врнежите ќе се прошират насекаде и локално ќе наврне позначително количесто на воден талог (над 30 л/м2). Не се искчучува можноста на највисоките планински врвови во западните предели да провее и првиот снег за оваа сезона.

Максималните дневни температури до утре ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат, и тоа под влијание на значително постудениот воздух кој се спушта се од Атлантикот кон нашите краишта. Истите ќе се искачуваат во интервалот само од 16 до 25 степени во најтоплите предели од државава.

Потоа се до вторник нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност и на серија на влажни воздушни бранови, кои повремено ќе условуваат врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

До вторник локално се очекува да наврнат и над 50 л/м2 воден талог кој може да услову зголемувањана нивоата на реките и на есерата низ државава. Можно е и излевање на малите реки во државава, особено во западните предели.

Максималните дневни температури и во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука