АКТУЕЛНА НАЈАВА: ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН, ВО ТЕКОТ НА ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ И НОЌВА ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ

Во текот на следните часови воздушниот притисок значително ќе опаѓа а ќе дува и умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Исто така од запад ќе започнат врнежи кој ќе бидат од дожд, снег ќе врне само на високите планини во западните предели.

Во вечерните часови и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ во западните предели. Локално во овие предели ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2). Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

И во Скопскиот регион во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 11 степени.

Потоа утре и во вторник ќе се задржи променливо време, со повремен локален дожд, додека на повисоките планини во западните предели ќе има послаби врнежи од снег.  Температурите на воздухот со почетокот на новиот месец (Февруари) ќе бележат тенденција на голем пораст и ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината. Детали за тоа какво време не очекува во февруари следуваат понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука